Шкендија против Лудогорец без напаѓачот Фитон Адеми

Напаѓачот на Шкендија, Фитон Адеми ќе мора да отсуствува од терените најмалку 10 дена, откако заработи повреда на натпреварот против Македонија ЃП во рамките од 2. коло во ПМФЛ.

Адеми мораше да го напушти теренот после само 27 минути игра, откако доживеа повреда на зглобот. Претходно тој беше стрелец на првиот гол за тетовските „црвено-црни“, кои го добија натпреварот со 3-1.

По лекарските прегледи е утврдено дека ќе мора да паузира 10 дена. Тоа значи дека тренерот Јетон Беќири нема да може да смета на него на утрешниот натпревар против Лудогорец во рамките од плеј-офот во Лигата на Европа, како и на следниот меч против Арсими во ПМФЛ, но и на реваншот против бугарскиот тим.

Се вчитува...