Шкендија за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, но и за настапи во Европа оваа есен се засилува со поранешниот фудбалер на Работнички, стружанецот Адтхе Мазари.
24-годишниот крилен офанзивец изминатава пролет настапуваше за хрватскиот суперлигаш Вараждин, од каде сега, како што дознаваме, доаѓа на позајмица во редовите на Шкендија.
Мазари претходно имаше одлични настапи во дресот на Работнички кои го препорачаа во Вараждин. Претходно во својата кариера има настапи и за Струга ТЛ, Охрид и прилепска Победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

