Црвена Звезда се раздели од капитенот со кој освои бројни трофеи

Црвена Звезда денеска објави дека ја прекинува соработката со Бранко Лазиќ, долгогодишниот капитен кој крена бројни трофеи во последната деценија како член на „црвено-белите“.

Лазиќ ланската сезона многу ретко добиваше шанса во ростерот во Евролигата, а летово „црвено-белите“ му понудија место во управата. Сепак, ветеранот реши да продолжи да игра, по што следеше и официјална разделба од Црвена Звезда.

„Бранко Лазиќ е симбол на растот на Црвена Звезда, рекордер, играч кој остави неизбришлива трага низ годините во кои нашиот клуб се враќаше на врвот – со победи и со трофеи. Во склоп на промените во првиот тим во летниот преоден рок, црвено-белиот дрес нема да биде задолжен од досегашниот капитен Бранко Лазиќ. Тој 14 ополни години го носеше овој дрес и во тој период урна бројни рекорди, стана играч со најмногу одиграни средби 838, со најмногу одиграни европски натпревари 290, како и по бројот на трофеи со Црвена Звезда – дури 25. Почитувајќи ја неговата желба да продолжи со играчката кариера, сите во Црвена Звезда му посакуваат на нашиот Бранко многу успеси во наредниот период. Вратите од нашиот клуб секогаш ќе бидат отворени за Лациќ“, се вели во соопштението на Црвена Звезда.

Се вчитува...