Расел Вестбрук играше во Денвер Нагетс минатата сезона и иако имаше неколку светли моменти, од друга страна беше јасно дека времето го престигнало поранешниот МВП на НБА.
Познатиот НБА инсајдер Џек Фишер, вели дека Сакраменто е единствениот тим во целата лига кој има интерес за Вестбрук. Па од друга страна, постојат идеи дека Рас воопшто да не остане во НБА лигата.
Вестбрук играше во Оклахома девет години пред да замине во Хјустон во 2019 година. Потоа беше во Вашингтон, Лејкерс, Клиперс, а последната сезона ја помина во Нагетс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

