Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, Македонија Ѓорче Петров денеска го официјализираше потписот на Али Адем.
Некогаш еден од најперспективните македонски фудбалери доаѓа во Ѓорче Петров од редовите на Шкупи, тим кој се соочува со голем број проблеми.
Откако и повеќе од јасно е дека Шкупи тешко ќе ги реши своите проблеми, фудбалерот кој беше капитен на единствениот меч сезонава за чаирчани (поразот од Шкендија), реши кариерата да ја продолжи во Ѓорче Петров.
Покрај за Шкупи, Адем во кариерата играше и за Вардар и за Арис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

