Македонија ЃП се врати назад во елитното друштво, а управата на „лавовите“ успева да го засили играчкиот кадар, се со цел овој тим да се избори за опстанок во Првата лига.
Откако утрово беше потпишан Али Адем од Шкупи, тимот од Ѓорче Петров денеска официјализираше уште еден трансфер – потпишувајќи договор со Кире Ристевски.
Искусниот 34-годишен дефанзивец до пред неколку години беше и репрезентативец на Македонија, а се очекува со неговиот потпис последната линија на тимот предводен од Бобан Грнчаров да добие на цврстина. Тој потпиша едногодишен договор со „лавовите“, откако ланската сезона ја мина во дресот на Струга ТЛ, а низ кариерата има настапувано и во Албанија, Бугарија, Унгарија, Кипар…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

