Дефанзивецот Кире Ристевски, играчот од средниот ред Ферат Села и напаѓачот Веби Ислами нема да бидат дел од Струга ТЛ во новата сезона. Сите тројца се позајмени во клубови од Првата и Втората македонска фудбалска лига.
Како што официјално информираат од Струга ТЛ, во консултации со тренерот, одлучено е сите тројца од овие играчи да бидат позајмени на одреден период, со цел да ги искористат тие потребни минути, кои им недостасуваа меѓу стружани.
Дефанзивецот Кире Ристевски е позајмен во тимот на Македонија ЃП во следните шест месеци, додека Веби Ислами ќе се обиде да добие целосна минутажа во тимот на Кожуф во Втората лига до крајот на сезоната, додека 19-годишниот Ферат Села оди во редовите на второлигашот Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

