Словенците не знаат што ги снајде во Белград: Србија и Јокиќ ги „демолираа“ Дончиќ и другарите (ВИДЕО)

Кошаркарската репрезентација на Србија убедливо ја победи Словенија со 106-72 во белградската „Арена“ во последниот подготвителен натпревар пред Евробаскетот.

Уште од самиот почеток, Србија покажа апсолутна доминација над Словенија. Словенците го постигнаа првиот кош дури откако домашните постигнаа десет поени, а Лука Дончиќ беше тотално затворен.

Во првата четвртина, Омиќ не претставуваше никаква пречка за Јокиќ, додека Дончиќ, со својата квалитетна игра, не успеа да ја пробие цврстата и организирана одбрана на Србија.

Втората четвртина беше уште побрутална за Словенците, кои не можеа да направат апсолутно ништо, додека српските играчи едноставно ја контролираа играта во секој сегмент. Резултатот од вториот дел беше убедлив – 31-13 во корист на Србија, а на крајот од првото полувреме разликата порасна на неверојатни 64-36.

Третата четвртина делумно донесе продолжување на доминацијата на Србија, па разликата во еден момент достигна дури 40 поени.

Па, во еден момент, камерата го „улови“ Лука Дончиќ, кој изгледаше фрустриран и незадоволен, како никогаш досега, што беше јасен знак за тоа колку успешно српскиот тим ја контролираше играта.

До крајот само рутина за Србите за конечна убедлива победа.

Во селекцијата на Србија, Никола Јовиќ беше најефикасен со 18 поени и седум скока, додека веднаш зад него беше Никола Јокиќ со 10 поени, осум скока и четири асистенции. Богдан Богдановиќ додаде 14 поени, три скока и две асистенции, додека Никола Милутинов постигна двоцифрен број поени – 11, и Тристан Вукчевиќ со 10 поени и седум скока.

За Словенија, Рок Радовиќ се истакна со 13 поени, додека Клемен Препелиќ додаде 10 поени.

Се вчитува...