Репрезентативецот на Италија, Ахиле Полонара постигна договор да се врати назад во Динамо Сасари доколку рехабилитацијата од тешката болест тоа го дозволи.
Поранешниот клуб на Полонара каде тој настапуваше со успех од 2017 до 2019 година пред да го отвори патот кон Евролигата се одлучи на потег за почит, да го ангажира 33-годишникот кој се бори со леукемија на големо задоволство и на навивачите кои имаат огромна почит за кошаркарот кој беше клучен за освојувањето на ФИБА Еврокупот во последната сезона во „сино-белиот“ дрес.
Полонара со настапите за Динамо Сасари го трасираше патот до Евролигата каде настапуваше шест сезони за Фенербахче, Ефес, Жалгирис и Виртус Болоња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

