Фудбалерите на Струга ТЛ стигнаа до три од три на стартот на новата сезона откако денеска во премиерниот меч од 3. коло во ПМФЛ на домашен терен славеа против Работнички со 2-0.
И двата тима премногу внимателно го отворија натпреварот. Домаќините се обидуваа да го загрозат голот на „романтичарите“, но нивните напади беа млаки, па по 20 минути игра се уште стоеаја почетните 0-0.
Првата поубава шанса ја имаа домаќините кога во 21. минута Марјан Радески биеше кон голот на Василев со глава, но лесно интервенираше голманот на Работнички. Нова шанса домаќините имаа во 35. миннута кога Компаоре успеаја да ја искористи грешката на гостинската одбрана, но сепак на крајот биеше непрецизно покрај голот на Василев.
До крајот на првиот дел Велјиќ го фаулираше Компаоре во шеснаесетникот, а истиот фудбалер прецизно стрелаше од белата точка за водство на Струга ТЛ од 1-0.
Најголемата шанса во вториот дел тимот од Дебар маало ја имаше во 82. минута кога Хоџа излезе еден на еден пред голманот на Струга, Анџелети, но биеше во стативата, а Стружани успеаја да стигнат до нови три бода. Kaзната стигна во 94. минута кога Христијан Малески ги постави конечните 2-0.
ПМФЛ 3. КОЛО:
ДЕНЕСКА:
СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ 2-0
(20 часот) ВАРДАР – АП БРЕРА
УТРЕ (17 часот)
СИЛЕКС – МАKEДОНИЈА ЃП
НЕДЕЛА (17 часот)
ШКЕНДИЈА – АРСИМИ
ПОНЕДЕЛНИК (17 часот)
БАШКИМИ ТИКВЕШ
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

