Фудбалерите на Брера се блиску до изненадување во третото коло од ПМФЛ откако струмичкиот тим по првото полувреме има водство од 1-2 против фаворитот Вардар.
„Црвено-црните“ влегоа како големи фаворити во мечот, Брера немаше ниту еден бод по првите две кола, но струмичани изненадија со добро издание, максимално ги искористија своите шанси и имаат минимално водстов по првит 45 минути игра.
Изненадувањето беше најавено по десетин минути игра откако по едно долго додавање домашниот дефанзивец Сенгор се лизна, а Ндзенге го искористи тоа и во манир на голем стрелец го матираше голманот на „црвено-црните“. Радоста кратко траеше бидејќи Мато постигна еврогол на спротивната страна за 1-1, но Брера трпеливо ја чекаше својата втора шанса, со мајсторска реализација на Ивановски.
Вардар тргна во офанзива, преку Матиќ ја затресе гредата и јасно е дека вторите 45 минути од овој натпревар ќе донесат уште поголеми возбудувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

