Богдановиќ: Лука може сам да ја добие било која репрезентација

Европското првенство во кошарка ќе биде главен спортски настан на крајот на летото во Светот.

Заедно со Никола Јокиќ, сигурно е дека сите очи на јавноста и навивачите ќе бидат насочени кон Лука Дончиќ, кој ќе ја предводи словенечката репрезентација на претстојниот Евробаскет.

Словенечкиот капитен е главна ѕвезда во тимот на Александар Секулиќ и според многу други кошаркари, еден од кандидатите за освојување на титулата најкорисен кошаркар на турнирот.

Капитенот на српската репрезентација, Богдан Богдановиќ, верува дека Дончиќ може сам да добие било која репрезентација на шампионатот.

„Тој може да го убие секој тим на турнирот. Може да оди до 50 или 60 поени… Тоа е она што го прави посебен“, смета Богдановиќ.

Се вчитува...