Пешиќ донесе одлука: Ова се 12 кошаркари со кои Србија ќе нападне европско злато

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ го објави списокот на дванаесет кошаркари со кои ќе го нападне златниот медал на Европското првенство 2025 година.

Пешиќ имаше 15 кошаркари во игра до последен момент, но на крајот мораше да пресече и да отпаднат тројца кошаркари. Во Рига на евробаскетот нема да патуваат Никола Топиќ, Балша Копривица и Дејан Давидовац.

Тоа се: Алекса Аврамовиќ, Стефан Јовиќ, Василије Мициќ, Богдан Богдановиќ, Марко Гудуриќ, Огњен Добриќ, Вања Маринковиќ, Никола Јовиќ, Филип Петрушев, Никола Јокиќ, Никола Милутинов и Тристан Вукчевиќ.

Србија на шампионатот се наоѓа во групата А заедно со домаќинот Летонија, Турција, Естонија, Португалија и Чешка.

Се вчитува...