Фудбалерите на Силекс стигнаа и до третата победа во исто толку натпревари во новата сезона откако во единствениот меч од денешната програма во ПМФЛ славеа на домашен терен против Македонија ЃП со 2-0.
И двата тима влегоа многу внимателно во натпреварот, па по 20 минути игра не добивме ниту една шанса на двете страни на теренот, а на семафорот се уште стоеја почетните 0-0. САмо три минути подоцна домаќините успеаја да поведат со 1-0 откако новата аквизиција Пиреш стрелаше прецизно во голот на противникот. Целата ситуација се прегледа и со ВАР поради можен фаул, но на крајот погодокот беше признаен.
На стартот од второто полувреме домаќините стигнаа и до втор гол откако Мирчевски во 48. минута стрелаше прецизно за 2-0.
До крајот Кире Маркоски ја затресе мрежата на противникот, но неговиот гол беше поништен, a сето тоа го казни Матески кој во 90. минута ги постави конечните 3-0.
ПМФЛ 3. КОЛО:
ВЧЕРА:
СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ 2-0
ВАРДАР – АП БРЕРА 2-2
ДЕНЕСКА(17 часот)
СИЛЕКС – МАKEДОНИЈА ЃП 3-0
НЕДЕЛА (17 часот)
ШКЕНДИЈА – АРСИМИ
ПОНЕДЕЛНИК (17 часот)
БАШКИМИ ТИКВЕШ
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

