Фахад Азиз Бајо, напаѓач од Уганда кој во моментов е слободен агент, ќе биде новата аквизиција на Вардар во нападот. 27-годишниот напаѓач веќе има искуство со играње во Европа, откако во минатото беше дел од Висков од Чешка, а играше и во Израел, во екипите на Ашдод и Бнеи Сакнин.
Бајо игра на позицијата централен напаѓач, висок е 185 сантиметри. Може да игра и како офанзивен играч за врска, но и како крилен напаѓач.
Бајо е повремен репрезентативец на Уганда, соиграч на Роџерс Мато кој исто така настапува за оваа селекција. Најновата аквизиција на Вардар има одиграно 22 меча за својата селекција и има постигнато осум голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

