Екипата на Шкендија не успеа да дојде до третата победа во ПМФЛ, откако беше сопрена од Арсими, кој одигра доста храбро на теренот во Тетово, имаше дури шанси и да замине со трите бода. Натпреварот беше одличен, изобилуваше со шанси, стативи, пречки, одбрани на голманите, а на крајот само головите недостасуваа. Арсими на моменти беше подобар противник, тргна храбро, со отворен гард на теренот во Тетово, и тоа за малку ќе им се исплатеше. Од друга страна, пак, реализацијата беше главен проблем кај Шкендија, особено промашувањето на Мазари кој во 72. минута не ја реализираше шансата во празен гол пред него.
Мечот почна со шансата на Олатунбосун кој со ножички се обиде, а одби Гаје. Шанса и за Авдули кој шутираше силно, но за малку непрецизно. Првиот и единствен удар Шкендија го имаше преку Флорент Рамадани, но добро беше поставен Исљами. На дрга
Во вториот дел нешто подобра игра на Шкендија, со повеќе шанси, но Исљами беше херој на Арсими кој успеа да спаси гол. Мазари ја имаше првата шанса, но не успеа, а од 72. минута па до крајот на мечот ревија на многу шанси и можности.
Особено онаа во 72. минута кога Мазари доби топка од Ибраими, беше сам на 5-6 метри, но го промаши голот. Веднаш потоа во 74. минута од средбата шанса и за Хуриќ, Гаје успеа да одбрани.
Зејнулаи во 77. минута излезе сам пред Исљами, голманот на Арсими малку ја допре топката и таа завшри во стативата. На другата страна Перовиќ сам пред голот на Шкендија, Гаје со врвот на прситте изби во корнер. Беровиќ потоа ја погоди пречката од голот на Шкендија.
Љативи во 87. минута излезе сам пред голот на Арсими, ама отиде премногу лево и Исљами беше внимателен. Голманот на Арсими го одбрани и ударот на Бесарт Ибраими во 91. минута од средбата, одбивајќи ја топката во корнер, што беше практично и последна шанса на овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

