Ашковски и Раматан го засилуваат Вардар

Откако Вардар успеа да го договори трансферот на репрезнтативецот на Уганда, Фахад Бајо, на пат кон „црвено-црните“ се уште двајца репрезентативци. Едниот е член на македонската репрезентација, додека другиот на Уганда, селекцијата за која играат и Бајо, и Роџерс Мато.

Станува збор за членот на македонската репрезенатција Стефан Ашковски, кој во моментов е слободен агент, и по долги години се враќа во македонскиот шампионат, откако во минатото играше за Шкендија. Ашковски може да игра на двете крилни позиции, и може да игра како офанзивен бек или како офанзивно крило.

Со Бајо, во Вардар доаѓа и неговиот соиграч од репрезентацијата, Муса Раматан. Станува збор за 23-годишен стопер кој ќе треба да ја зголеми конкуренцијата во одбраната, каде што се Мислав Матиќ, Сенгор Фаустин и Ненад Мишковски.

Од Вардар најверојатно ќе си замине Данил Донгмо кој е на пат кон Романија, во Петролул Плоешти.

Се вчитува...