Кошаркарите на Франција убедливо ја победија селекцијата на Грција со резултат од 92:77 во последната проверка пред почетокот на Евробаскетот за три дена.
Актуелните олимписки вицешампиони беа убедливи во „ОАКА Арената“ во Атина, и покрај тоа што Јанис Адетокумбо се врати во таборот на грчкиот национален тим.
„Грчкиот ѕвер“ го оправда својот прекар во првото полувреме, кога Грција дури и водеше со 49:44.
Сепак, продолжението на средбата покажа дека ниту вечерва, ниту на Европското првенство, ѕвездата на Милвоки Бакс нема да може да игра сама.
Французите го забавија темпото, го затворија и го одзедоа главното оружје на Грција, поради што брзо го свртеа темпото и поведоа со двоцифрена разлика.
Јанис го заврши натпреварот со 20 поени, од кои 13 ги постигна во првото полувреме. Кај Французите, Тео Маледон беше предводник со 16, додека Јабуселе и Ризаше имаа по 14.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

