Шок: Шенгелија има проблем со срцето!

Грузиската репрезентација допатува на Кипар за настап на Евробаскет 2025, но се уште е неизвесно дали селекторот Александар Џикиќ на располагање ќе го има најдобриот грузиски кошаркар Торнике Шенгелија.

Крилниот центар не настапи на последните контролни средби на Грузијците, а денеска беше објавено дека новиот кошаркар на Барселона има проблем со срцето. Степенот на сериозност засега не се обелоденува во јавноста, Шенгелија е дел од тимот што допатува на Кипар, но Џикиќ повика 13 кошаркари и големи се шансите дека екс-кошаркарот на ЦСКА Москва и Виртус Болоња да отпадне при последниот “рез“ на селекторот.

Аритмијата што се појавила кај Шенгелија на мечот со Естонија одигран на 8 август предизвика загриженост и кај челниците на Барселона, па Грузиецот беше на детални прегледи во каталонската престолнина. Тој пред неколку дена се врати назад во репрезентацијата, но тренира под посебна програма и не е вклучен во „пет на пет“ акциите што ги воигрува стручниот штаб.

Лош предзнак на два дена пред стартот на Евробаскет 2025…

Се вчитува...