Пелистер го избра Даскаловски за нов тренер

Македонскиот кошаркарски стручњак Борче Даскаловски е изборот на управата на Пелистер за нов шеф на стручниот штаб на „зелено-белите“, откако беше потпишан договор за соработката за новата натпреварувачка сезона. Во изминатиот период беа рагледувани неколку опции з анов шеф на стручниот штаб, по што изборот падна на Даскаловски, кој ќе има за задача да ги оствари зацртаните цели за периодот што следи.

Тој беше член на стручниот штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија во претквалификациите за СП 2027, претходно беше дел од А-тимот и додека селектор беше Јорданчо Давитков. Даскаловски воедно со години е и Професор по кошарка на Факултетот за Физичко Образованио, Спорт и Здравје.

Даскаловски своевремено имаше и успешна играчка кариера, во која една година мина токму во дресот на Пелистер (2006//07). Потоа тој ги направи првите чекори и како тренер, најпрвин во Вардар, а потоа и во Карпош Соколи, тим што го предводеше во европските купови. Извесен период беше и дел од стручниот штаб во Астана, додека прв тренер на овој клуб во ВТБ-лигата беше Емил Рајковиќ. Негов последен тренерски ангажман беше како предводник на Кожув каде се задржа неколку месеци.

„Зелено-белото“ семејство на КК Пелистер му посакува добредојде на Даскаловски со надеж за многу заеднички успеси во периодот што следи“, порачаа битолчани при промоцијата на новиот тренер.

Се вчитува...