Дончиќ со жесток напад: Земете му го пасошот на Нибо

Словенија ќе биде значително ослабена на претстојниот европски шампионат откако двајцата кошаркари на Олимпија Милано, Џош Нибо и Влатко Чанчар, добија препорака од својот клуб да не играат на Евробаскет 2025 за што подобро да се подготват за новата клупска сезона.

Ова драстично ја ослабе Словенија во борбата под обрачите, а директорот на репрезентацијата, Саша Дончиќ (таткото на Лука Дончиќ) денеска жестоко го критикуваше пред се Американецот Нибо, повикувајќи да му биде одземен словенчкиот пасош.

„Цела сезона бев во контакт со Нибо, по првата повреда, па по втората, дури и откако третпат се повреди. Тој никогаш не ми кажа дека нема да игра, па не ни баравме друг центар… Неговиот став секогаш беше дека ќе игра, нашите медицински лица се од највисок калибар, добро ја следевме неговата состојба и знаевме во кој правец се одвива рехабилитацијата. А потоа почнаа да се случуваат чудни работи, Влатко Чанчар секогаш беше достапен за националниот тим, се додека не потпиша за Милано…. Тоа е што, веруваме во момците што ќе патуваат, но мислам дека е време за дискусија и со Владата на Словенија. Нибо доби пасош од нашата земја за да игра кошарка за нас, штом не сака да го прави тоа нема зошто ние да соработуваме со него на таков начин и треба да се повлечеме од нашиот дел од договорот“, истакна Саша Дончиќ.

Се вчитува...