Кошаркарската репрезентација на Германија се соочи со огромен проблем пред самиот старт на Евробаскет 2025 откако селекторот Алекс Мумбру се здоби со акутна инфекција поради која нема да може да го води тимот на отворањето на шампионатот.
Мумбру не го водеше вчерашниот тренинг, а во текот на ноќта состојбата му се влошила и бил хоспитализиран, па денеска пристигна информација дека тој дефинитивно нема да биде на клупата за утрешниот дуел против Црна Гора. Притоа, не е познато дали шпанскиот стратег ќе може да ја води Германија ниту на вториот меч што светските шампиони ќе го играат в петок против Шведска.
„Поради акутна инфекција, селекторот Алекс Мумбру беше однесен на болничко лекување. Состојбата му се подобрува и очекуваме негова рехабилитација, но се уште не може да се најави кога тој ќе биде во можност да му се приклучи на тимот. Во негово отсуство, тренерот Алан Ибрахимагиќ ќе ја преземе одговорноста како шеф на стручниот штаб на репрезентацијата. Опорави се што побрзо, тренеру“, се вели во објавата на Германската Кошаркарска Федерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

