Скариоло нема да го бира својот наследник во Шпанија

Евробаскетот 2025 ќе биде исполнет со емоции во шпанската репрезентација. Овој континентален собир ќе донесе крај на ерата на Серџио Скариоло на селекторската позиција по една деценија помината на клупата на една од најуспешните кошаркари репрезентации.

Скариоло заминува и нема да биде инволвиран во процесот на бирање на неговиот наследник, но останува во добар однос со федерацијата и е тука да помогне на каков било начин, вели самиот.

„Ниту ме прашале, ниту сакам да бидам инволвиран во тој процес“, јасно стави дознаење стратегот. „Време е за заминување бидејќи никој не може да остане засекогаш. Секогаш ќе бидам достапен за било која потреба. Ако сакате мој совет, ќе го дадам, но дискретно, како аматар со некое разбирање за содржината. Ќе давам поддршка каде и да сум“, изјави Скариоло пред почетокот на Евробаскетот.

По двегодишна пауза искусниот стратег во новата сезона ќе се врати и во клупската кошарка каде ќе го предводи славниот шпански клуб Реал Мадрид.

Се вчитува...