Муса: Поради прашање на живот или смрт морав да се откажам од Евробаскет

Босна и Херцеговина на Евробаскетот нема да може да смета на услугите на својот најдобар кошаркар, Џанан Муса кој непосредно пред почетокот на континенталниот собир мораше да помине низ оперативен зафат чија рехабилитација се постави дека е подолга од очекуваното.

Муса во интервју за босанските медиуми изјави дека жали што мора ова лето да ги пропушти настапите за репрезентацијата, но ситацијата е сериозна и може да предизвика смртоносни последици.

„Да постоеше барем еден отсто шанса да играм, ќе играв. Играв со скршен нос и рака, секогаш бев тука и во корона и без корона. Отидов на рутински преглед во Минхен и очекував потврда дека може да играм на ЕП. Требаше да имам многу побрза рехабилитација, но на ултразвук лекарскиот тим рече дека може и да не биде ништо, но и дека постои ризик за седум до 10 дена хернијата да го зафати цревото и да биде прашање на живот или смрт“, открива Муса.

Се вчитува...