Финска по голема битка успеа да слави во скандинавската пресметка против Шведска (93-90), а победнички старт во преполната арена во Тампере. Швеѓаните се покажаа како незгоден ривал, а значајна улога во триумфот на Финците имаше 18-годишниот Мика Муринен, кој одигра важна улога во пресвртот во последната четвртина.
Дуелот во Тампере мина во израмнета борба во текот на целиот меч. Финците тргнаа моќно преку Марканен (12 поени во првата четвртина), но противникот успеа да го неутрализира големиот ас, одигра одлично во нападот и ги замрси сметки на фановите кои очекуваа лесна и убедлива победа на својот тим.
Швеѓаните имаа предност од 79-75 во 34. минута, но тогаш на сцена стапи тинејџерот Муринен со пет поени во низа и неколку одлични реакции во одбраната, носејќи предност на домашната селекција. Финците имаа плус пет, но противникот не се предаде и на една и пол минута до крајот дојде на само еден поен разлика (88-87).
Финска сепак во неизвесната пенал–завршница успеа да стигне до победата благодарение на мирната рака на Маџуни, за конечни 93-90.
Марканен очекувано беше најефикасен во победничкиот состав со 28 поени, Маџуни имаше 15 поени без ниту едно промашување, а најдобар поединец кај Швеѓаните беше Хаккансон со 28 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

