Повредата на Бонга не е сериозна: Ќе може да продолжи на Евробаскетот 2025

Германскиот кошаркар Исак Бонга не е сериозно повреден, објавуваaт европските медиуми.

Бонга предвреме го напушти теренот за време на натпреварот со Црна Гора притоа куцајќи. Играчот на првиот тим на Партизан отиде во соблекувалната шест минути пред крајот на натпреварот и многумина беа загрижени дека станува збор за сериозна повреда.

Сепак, според извештаите, коленото на Бонга не е сериозно повредено и прогнозите се оптимистички во врска со играњето во понатамошниот тек на Евробаскетот 2025.

Бонга имаше седум поени, три скока и две асистенции за 18 минути на теренот во убедливата победа над Црна Гора (106-76). Следниот натпревар на Германија е против Шведска во петок.

Се вчитува...