Франција и БиХ тргнаа со победи на Евробаскетот

Репрезентациите на Франција и на БиХ очекувано, со победи стартуваа на Евробаскетот.

Во Лимасол, селекцијата на БиХ го победи домаќинот Кипар со 91-64 во групата Ц, каде што денеска Грузија ја изненади Шпанија. Јусуф Нуркиќ беше најефикасен во победничкиот тим со 18 поени, додека Алибеговиќ, Врабац и Гегиќ постигнаа по 10 поени.

Во полски Катовице, Франција беше подобра од Белгија со 92-64 во групата Д. Најефикасен беше Кулибали кој постигна 12 поени, Окобо имаше исто така 12, Јабуселе се истакна со 11.

Се вчитува...