Германија без селектор во целата групна фаза на Евробаскетот

Германската кошаркарска репрезентација игра фантастично на отварањето на Евробаскетот надминувајќи ја границата на 100 постигнати поени на натпреварите против Црна Гора и Шведска и тоа без Алекс Мумбру на клупата.

Селекторот на Германија се пожалил на болки во стомакот пред патувањето за Тампере, а неговата здравствена состојба дополнително се вложила по слетувањето во Финска па морал итно да биде хоспитализиран. Докторот на германската репрезентација открива дека тој се чувствува подобро, но голема веројатност е дека нема да биде на клупата во текот на целата групна фаза.

„Селекторот се чувствува подобро. Му беше лошо денот пред да тргнеме за Тампере, а откако слетавме неговата состојба се вложи. Поради сериозноста на ситуацијата мораше со амбулатно возило да го префрлиме во универзитетската болница. Се грижат за него. Му беше потребно подолго време пред да се почустствува подобро. Сега е во стабилна состојба и полека се рехабилитира. Се под контрола и се ќе биде во ред. Ако се оди според планот ќе се врати на клупата“, изјави докторот Оливер Путц.

По двете убедливи победи Германија е на добар пат да се пласира во втората фаза од разигрувањето за титула.

Се вчитува...