Со втората убедлива победа на почетокот од натпреварувањето, светските шампиони Германијa ја потврдија својата улога како еден од главните кандидати за освојување на медал.
Денис Шредер ги предводеше Германците до победата со 23 поени и седум асистенции, Франц Вагнер постигна 21 поен, Маодо Ло имаше 13 поени и пет скока и асистенции, Даниел Тајс постигна 11, а Исак Бонга девет поени.
Мелвин Јан Панцар беше најефикасен кај Шведска со 18 поени.
Германија утре ќе игра против Литванија во дербито од групата Б, додека Шведска ќе игра против Велика Британија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

