Кошаркарите на Турција дојдоа до вториот триумф на Евробаскетот, откако ја совладаа селекцијата на Чешка со 92-78. И покрај тоа што губеа после првата четвртина, во втората Турците не само што направија пресврт, туку дојдоа до добра предност, за во вториот дел да ја комплетираат победата.
По првата четвртина Чесите имаа предност од 27-21, но во втората целосно потфрлија. Тоа го искористи Турција која ја доби со 24-10, па на полувреме замина со предност од одум поени разлика 45-37.
Во вториот дел Турците само ја одржаа предноста, за на крајот да дојдат до вториот триумф и да и го нанесат на Чешка вториот пораз на Евробаскетот.
Шенгун имаше 23 поени, што беше најмногу, а само една асистенција му недостасуваше за трипл-дабл. Исто толку поени 23 даде Петерка кај Чешка, но не можеше сам да игра против расположените избраници на Ергин Атаман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

