Хаос во Белград: Пијан возач го удри со автомобил Дејан Давидовац

Кошаркарот на Црвена Звезда, Дејан Давидовац, морал да мине неколку часа во болница откако бил удрен во сообраќајна несреќа рано утрово во Белград.

Српскиот портал „Телеграф“ објави дека незгодата се случила околу 1.30 часот утрово кога Давидовац бил во својот автомобил, а на него налетал 52-годишниот Д.Б. кој се наоѓал под дејство на алкохол.

Кошаркарот за среќа минал без посериозни повреди, а возачот на другото возило бил приведен и одредено му е задржување во полициска станица во времетраење од 48 часа.

Давидовац беше дел од српската репрезентација на стартот на подготовките за Евробаскет 2025, но овој кошаркар не се најде на завршниот список на селекторот Пешиќ.

Се вчитува...