Летонија во вториот дуел стигна до првата победа на Евробаскет 2025, откако по голема борба славеше над соседната Естонија со резултат 72-70. Летонците долго време беа во негатива, но пресуди нивната добра одбрана во последниот период, како и блесокот на Кристопс Порзингис, кој постигна важни поени во серија и го трасираше патот до големиот триумф.
Естонците имаат за што да жалат ако се знае дека нецели 30 минути оваа репрезентација имаше контрола над играта и над резултатот. Како што одминуваше времето, така естонскиот состав како да снемуваше сила, па Летонија пред самиот крај на третата четвртина конечно стигна до водство (63-61). Четвртата четвртина донесе изненадувачки неефикасна кошарка, ако се знае дека Естонија осум минути не даде ниту еден поен, а Летонците реализираа само три поени во овој период.
Сепак, во клучните моменти пресуди класата на Порзингис, кој блесна кога беше најважно и ја донесе победата на својата репрезентација.
Порзингис со 26 поени беше единствениот со двоцифрен ефект во таборот на победничката селекција, додека најефикасни во естонскиот табор беа Тас и Кононцук со по 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

