Демонстрација на сила на Германија – Литванците комплетно разбиени (ВИДЕО)

Германија комплетно доминираше против Литванија во денешниот прв натпревар од Групата Б на Евробаскетот 2025, триумфирајќи убедливо со 107-88.

Уште во првата четвртина, која ја добија со 32-20, Германците јасно демонстрираа сила едноставно нескротлива за Литванија која не можеше да пружи отпор.

Уште по првиот период беше јасно кој е кој на мечот, иако Литванците се обидуваа во следните две четвртина да одржуваат рамнотежа. Но, комплетно беа скршени во последната четвртина за убедлив пораз.

Шредер со 26 поени и шест асистенции беше најдобар во победничкиот состав, Вагнер заврши со 24 поени и седум скока а Тајс запиша 23 поени и шест скока. Јокубаитис беше најдобар кај Литванија со 20 поени и седум асистенции.

Се вчитува...