Српската кошаркарска репрезентација се соочи со огромен проблем по синоќешната повреда на капитенот Богдан Богдановиќ заработена во првото полувреме од дуелот со Португалија.
Првите лекарски прегледи само потврдија дека станува збор за проблем со мускулот на ногата, а фактот дека се потребни нови дополнителни прегледи за да се утврди сериозноста јасно укажуваат дека проблемот не е наивен. Како што објавија од Кошаркарската Федерација на Србија, Богдановиќ сигурно ќе го пропушти денешниот меч со Летонија, но големи се шансите тој да паузира и на уште неколку средби на нашиот северен сосед.
„По повредата на мечот со Португалија, денеска е направена магнетна резонанца што покажува повреда на мускулот на надколеницата во пределот на задната ложа. Ќе бидат потребни додатни испитувања што ќе бидат извршени за да се постави конечна дијагноза и прогноза. Богдан нема да игра на мечот со Летонија“, информираа од Кошаркарската Федерација на Србија.
Србите по денешниот дуел со Летонија до крајот на групната фаза треба да се сретнат уште со Чешка в понеделник и со Турција, меч закажан за среда со почеток во 20.15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

