Грузија немаше сили за изненадување и со Италија, Естонија ја „изрешета“ Чешка (ВИДЕО)

Грузија, по претходната победа над Шпанија на стартот од Евробаскетот 2025, немаше сили и за второ изненадување, доживувајќи убедлив пораз од Италија од 78-62.

Италијанците отпорот на Грузија го скршија во второто полувреме, откако првото полувреме заврши максимално израмнето (32-32).

Но, во вториот дел доминација на Италија која дојде до победа од 78-62.

Нианг со 15 поени и Фонтекио со 14 поени беа најдобри кај Италија, а Битадзе со 22 поени и четири скока се издвои кај Грузијците.

Естонските кошаркари, пак, убедливо ја победија Чешка со 89-75 во третото коло од Групата А на Евробаскетот, доаѓајќи до својата прва победа на шампионатот.

Кристијан Кулајаме беше најдобар со 16 поени, додека Кононцук и Јосар постигнаа по 10 поени. Јан Жидек се истакна кај Чесите со 14 поени.


Белгија триумфираше против Исланд со 71-64.

Се вчитува...