Лука Дончиќ е премногу осамен, а без соодветна помош словенечкиот суперстар не може да ја предводи Словенија до позитивни резултати на овој европски шампионат. Тоа беше случај на премиерата со Полска, а потоа и на денешниот дуел со Франција што Словенците го загубија со конечни 103-95.
Дончиќ одигра маестрално прво полувреме во кое Словенија одржуваше предност, на одмор заминувајќи со водство од 54-47. Француската одбрана конечно профункционира во третата четвртина во која Словенците беа запрени на само 16 поени (21-16), со што „триколорите“ целосно се вратија во натпреварот. Во последните десет минути можеше да се проследи апсолутна доминација на францускиот напад, триколорите постигнаа дури 35 поени, трасирајќи си го патот до победата.
Дончиќ го заврши мечот со 39 поени, 8 скока и 9 асистенции, Муриќ имаше 16 поени за Словенија, но и тоа беше недоволно за триумф. На спротивната страна, најефикасни во таборот на Франција беа Франциско со 32 и Окобо со 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

