Нов кошаркар на македонскиот кошаркарски второлигаш Соколи 1933 е Борјан Ангелковски откако доскорешниот член на МЗТ Скопје 2 денеска официјално беше претставен во штипскиот клуб.
Станува збор за преспективен кошаркар висок 201 сантиметар кој ги покрива позициите четири и пет и се очекува да биде од голема помош во новата сезона.
Соколи веќе подолго време се обидуваат да направат исчекор во прволигашката кошарка. Минатата сезона ја завршија на третото место па летниот период го искористија за дополнително засилување со искусни кошаркари. Покрај продолжувањето на договорите со носителите на играта нови кошаркари кои ќе го носат „сино-белиот“ дрес се и Александар Тодоров и Милан Милков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

