Струмица создава силен тим за предизвиците во второлигашката кошаркарска конкуренција. Последен кој го засили тимот од истокот на Македонија е Милош Јовановиќ, доскорешниот кошаркар на Куманово.
Јовановиќ зад себе веќе има повеќегодишно искуство настапувајќи во прволигашката конкуренција па очекувањата се дека ќе биде еден од предводниците во битката за пласман во македонската елита.
Претходно Струмица ги продолжи договорите на Александровски и Исајловски, а ги ангажираше и Александар Шајкаров, Филип Пандев, Димитар Пандев и Никола Масевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

