Јанис ќе има братска поддршка во Милвоки

Танасис Адетокумпо, братот на НБА ѕвездата Јанис Адетокумпо и во новата сезона ќе игра заедно со својот брат откако потпиша нов едногодишен договор со Милвоки Бакс.

За сезоната 2025/26, 33-годишникот кој ја покрива крилната позиција ќе заработи три милиони долари.

Грчкиот репрезентативец низ годините настапуваше и во Европа забележувајќи го последниот настап за Панатинаикос во 2019 година.

Се вчитува...