Германија ја демолираше Велика Британија со 63 разлика

Во 4. коло од Групата Б на Евробаскетот, Германија ја победи Велика Британија со 120:57. 

Од самиот почеток на натпреварот, Германците јасно ѝ ставија до знаење на репрезентацијата на Велика Британија дека апсолутно ништо нема да биде побарано на овој натпревар.

Најефикасни играчи во победничкиот тим беа Тристан Да Силва со 22 поени, Денис Шрудер со 19 и Франц Вагнер со дабл-дабл учинок од 18 поени и 10 асистенции, од кои шест ги подели во првото полувреме. За Велика Британија, Мајлс Хесон беше најефикасен со 11.

Колку се силни Германците, покажува фактот дека досега имаат постигнато над 100 поени на секој натпревар. Ги победија Црна Гора (106:76), Шведска (105:83), Литванија (107:88) и Велика Британија со (120:57).

Се вчитува...