Репрезентацијата на Летонија е на добар пат да избори место во втората групна фаза на Евробаскетот откако денеска триумфираше над ривалот за четвртата позиција на табелата, Португалија со 62-78.
Победникот беше решен во втората четвртина која Летонија ја доби со 27-7 за комотна предноста кој ја одржуваше до крајот на средбата.
До најважната победа на досегашниот дел од шампионатот Летонците ги предводеше Порзингис со 21 поен и девет скокови, додека Лисбоа со 17 поени беше прво име кај Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

