Литванија се соочува со огромни проблеми во пресрет втората фаза од Евробаскетот откако на натпреварот против Финска повреда заработи првиот плејмејкер во составот, Рокас Јокубаитис.
Јокубаитис имаше лош доскок во последната четвртина по која се пожали на посериозна повреда на коленото по што мораше пред време да го напушти теренот.
До тој момент Јокубаитис имаше 16 поени и девет асистенции со што е јасно дека Литванците ќе имаат сериозни проблеми во продолжението од континенталниот собир доколку станува збор за потешка повреда.
Како потсетување, со триумфот над Финска, Литванците осигураа место во следната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

