Шок за Грците – Колку ќе отсуствува Јанис!?

Најдобриот грчки кошаркар, Јанис Адетокумбо, денеска поради повреда не е дел од репрезентацијата на дуелот против Босна и Херцеговина на Евробаскетот 2025.

Ѕвездата на грчката репрезентација почувствува непријатност во коленото, поради што го пропушта дуелот со репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Сето тоа, како што информираат од грчкиот табор, повеќе како мерка на претпазливост, но дополнително ќе се види дали ќе мора и натаму да отсуствува.

Грците ќе играат во нокаут фазата, а сега сè уште не е познато од кое место ќе се пласираат во осминафиналето, а присуството на Јанис Адетокумба ќе биде непроценливо во тие натпревари.

Јанис е најдобар стрелец во репрезентацијата, со просек од 29 поени по натпревар, и од тоа може да се заклучи колку голем хендикеп е тоа за тимот на Василис Спанулис.

Се вчитува...