Француската репрезентација од почетокот на подготовките се мачеше со бројни откажувања, пред се на центарските позиции, а главоболките за стручниот штаб продолжија и во Катовице, со повредата на еден од ретките високи играчи во таборот на поранешните европски шампиони.
Алекс Сар нема да може да настапи до крајот на овој европски шампионат, центарот на Вашингтон поради повреда го пропушти претходниот дуел на „триколорите“, а деталните прегледи покажаа сериозен проблем на мускулот. Сар ќе мора да паузира неколку седмици, што значи дека овој европски шампионат е предвреме завршен за овој НБА-кошаркар.
Франција има две победи и еден пораз (од Израел) во првите три одиграни средби на Евробаскет 2025, а вечерва во Катовице се среќава со шампионот Полска во меч што ќе биде од огромна важност за што подобар пласман во пресрет на нокаут фазата од овој европски шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

