Шпанија е блиску до елиминација уште во групната фаза од Евробаскет 2025 откако избраниците на Скариоло по голема борба го загубија денешниот дуел со Италија со резултат , втор пораз за актуелниот европски првак во групата во Лимасол.
„Црвената фурија“ има за што да жали ако се знае дека го почна мечот со серија од 13-0. Италијанците првите поени ги постигнаа во 8. минута, но како што одминуваше времето „аѕурите“ успеаја да ја истопат негативата. Италија водеше во голем дел од последната четвртина, Шпанија се врати и презеде контрола над резултатот, а трагичар беше Вили Хернангомез. Центарот на Барселона промаши зицер при водство од 62-63, во следниот напад повторно беше непрецизен при 64-63 за Италија, по што Пара направи почетничка неспортска лична грешка и Италија го приведе мечот до крај.
Диуф ги предводеше стрелците кај Италија со 14 поени, а двоцифрени беа уште и Ричи со 11 и Нианг со 10 поени. Алдама со дабл-дабл од 19 поени и 10 скокови беше единствена светла точка во таборот на „црвената фурија“.
Така, Шпанците по четири рунди имаат скор 2-2, исто како и Италија, Грузија и БиХ. Шпанија во последното коло игра со лидерот Грција, а доколку го загуби овој меч и доколку Грузија загуби од БиХ, тогаш Грузијците ќе бидат четврти, а „црвената фурија“ петта поради сензационалната победа на избранииците на Џикиќ на стартот од овој шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

