Поцеко откри: Полонара ни носи среќа на овој Евробаскет

Италија игра одлична кошарка и на едно коло до крајот веќе го обезбеди местото во осминафиналето од Евробаскет 2025, а селекторот Поцеко обелодени дека дополнителна сила на „аѕурите“ им дава Ахиле Полонара.

Крилниот кошаркар се бори со леукемија, во негова чест блискиот пријател Марко Спису го носи бројот 33 што Полонара традиционално го носеше во националниот тим, а Поцеко обелодени дека речиси секојдневно е во контакт со болниот кошаркар.

„Слободно можам да кажам дека Ахиле Полонара ни носи среќа на овој европски шампионат. Имаме договор – му се јавуваме од соблекувалната на 30 минути пред секој натпревар. Пред Грција не беше во можност да ни се јави, на крајот загубивме… Затоа се јави против Грузија, како и сега пред мечот со Шпанија… знаев дека ќе победиме. Полонара е нашата среќна ѕвезда на овој Евробаскет. Некој ќе каже дека е само случајност, но јас знам дека е многу повеќе од тоа. Затоа и сите победи му ги посветуваме на него“, изјави Поцеко.

Се вчитува...