Франција во голем проблем: Се повреди предводникот на репрезентацијата

Франција се соочува со големи проблеми бидејќи во продолжението од Евробаскетот нема да може да смета на еден од најдобрите кошаркари на турнирот Алекс Сар кој заработи повреда на натпреварот против Словенија.

Деталните прегледи утврдија дека станува збор за повреда на листот поради која ќе мора да паузира во следните недели со што за него заврши настапот на континенталниот собир.

НБА кошаркарот е само еден од веќе долгата листа на повредени кошаркари на која се и Богдан Богдановиќ, Рокас Јокубаитис, Јоханес Војтман, Андрејс Гражулис и Сим-Сандер Вене.

Се вчитува...