Кошаркарите на Летонија дојдоа до третата победа во групата на Евробаскетот, и оди во 1/8 финалето. Летонците издвојуваа убедлив триумф над Чешка со 109-75, и така дојдоа до скор 3-2, со што ја испратија Чешка дома која со 0-5 се збогува од настапите на ЕП.
Летонците немаа лесна задача во првиот дел, особено во првата четвртина кога заминаа со само шест поени предност, а како одминуваше мечот, само ја зголемуваа разликата, па на полувреме заминаа со +14.
Чешка не успеа да се соземе, па Летонија тоа го искористи за во вториот дел да додаде уште гас и да го добие убедливо мечот.
Даирис и Давис Бертанс беа најефикасни со по 20 поени. Позигинс и Смитс постигнаа по 16. Кај Чешка Крејчи, Петерка и Сехнаи постигнаа по 11.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

