Турција ја оствари и петата победа на Евробаскетот, откако вечерва во Рига ја совлада селекцијата на Србија со 93-90, во последниот натпревар во групата, и така како првопласирана се пласираше во идната фаза.
Драматично беше во Рига, а на крајот пресудија големите грешки на Србија, трите загубени топки со кои Турцте го презедоа водството и на крајот дојдоа до конечниот триумф.
Мечот беше резултатска „вртелешка“, двете селекции се менуваа во водството, и Турција ја однесе победата. Дополнителен проблем за Србите беше и повредата на Алекса Аврамовиќ во првото полувреме. Претходно поради повреда отпадна Богдан Богдановиќ.
Шенгун беше незапирлив со 28 поени, додека кај Србија 22 поени постигна Јокиќ.
Турците ќе играат против Шведска во следната фаза, додека Србија ќе игра против Финска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

