Турција ја победи Србија (95:90) во последното коло од групната фаза и ќе се соочи со Шведска во осминафиналето на Европското првенство, додека „орлите“ ќе се соочат со Финска.
После повредата на Богдан Богдановиќ, сега на овој меч Србите останаа и без услугите на Алекса Аврамовиќ кој во првиот дел заработи повреда. По мечот селекторот Светислав Пешиќ потврди дека и Аврамовски е повреден.
„На ова ниво, секој е важен, без разлика дали се работи за две минути или повеќе. Тристан Вукчевиќ се повреди, но не е сериозно, ќе биде отсутен 2-3 дена. Она што најмногу не вознемири е повредата на Аврамовиќ. Ја повреди петицата, беше болно. Планиравме да го почне вториот дел, му дадовме терапија за време на полувремето, се обиде, но не можеше. Сега навистина не можам да кажам ништо околу повредата“, изјави Пешиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

